Објава од градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски:
🏞️ Од дива депонија до голем модерен парк во Сарај!
📍Денес, заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, го посетивме просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место кое до вчера беше дива депонија, а денес веќе се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик.
💚 Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и уреден парк, со хортикултурно и партерно уредување, зелени површини и содржини за рекреација, одмор и дружење на жителите од овој дел на Сарај.
Истот така, наскоро започнуваме и реконструкција на мега-паркот во Сарај, кој децении е оставен во негрижа.
✔️ Ова место има природна убавина, има потенцијал и заслужува грижа.
Не заслужува отпад, запуштеност и заборав, туку живот, зеленило и простор во кој граѓаните ќе уживаат.
♥️ Вложуваме во секој дел од Скопје, затоа што сите наши сограѓани заслужуваат еднакви услови, уредена околина и подобар квалитет на живот.
🫡 Како што ветив, продолжуваме со изградба на паркови, зелени површини и јавни простори кои му даваат нова вредност на градот.
🫵 Скопје го менуваме со дела.
А на сите нас останува обврската да го чуваме секој уреден простор како свој дом.



