stef4o Комплексот Порта Скопје by Adora нуди 193 модерни и функционални станови со површина од 33м² до 260м².Распоредени во две ламели со два влеза и пет лифтови, становите нудат функционален распоред, природнасветлина и комфор во секој детаљ.Порта Скопје by Adora располага со 320 сопствени паркиралишта наменети за возила и 408 места за паркирање и чување на велосипеди. Становите се изградени според највисоки градежни и асеизмички стандарди, со изобилство на природна светлина, отворен поглед и звучна изолација. Со енергетска ефикасност, еко – пристап и зеленило, Порта Скопје е објект дизајниран за удобен, безбеден и долгорочно економичен живот. ЛОКАЦИЈА ул. Беласица бр. 1, Скопје Фотки од процес на градба(октомври 2024-јануари 2026)
stef4o Првично планираниот проект од 2019 пред мораториумот и измените деталниот план за оваа локација [https://www.skyscrapercity.com/threads/skopje-projects-construction.874912/]
akul1122 Skopje Ќе биде огромна грдосија, за жал. Тотално се согласувам. Не требаше волку висока зграда тука. А можда не требаше ни зграда воопшто.
stef4o Уште неколку денешни Проектот е доста масивен но сепак сега со новиот план не завзема толку многу простор како што беше претходно планирано. Претходно локацијата беше див паркинг и простор кој служеше како мини депонија од разновиден отпад.Овој проект колку толку иницираше раздвижување на маалово со нови проекти кои никнуваат близу овој комплекс. Најголем напредок има кај средната ламела а бизинис центарот е сеуште отворена карабина. Бизнис центарот
stef4o Денешни Проектот напредува,на најголемата ламела монтираат надворешни прозори и врати,средната ламела се спрема за фасадирање од источната страна а на бизинс центарот моментално не се работи. Можеби на локацијава посоодветно ќе беше да има објект со намена хотел или деловен објект со оглед на тоа дека најголем дел од објектот е на самата раскрсница каде дневно има огромни колони и изложеност на загадување(а во иднина ако се направи булеварот низ Ќерамидница овој дел ќе стане уште похаотичен и пооптоварен со сообраќај) Интересно е тоа што во понудата на станови доминираат доста големи квадратури над 95 и 100м2 за разлика од други проекти кои нудат најчесто од 40 до 70 м2.