Две возила не можат да се разминат од паркирани автомобили на улицата „Фрањо Клуз“, на Мичурин му треба катна гаража

Од Општина Аеродром велат дека изградбата на катна гаража само парцијално би го решила проблемот со недостиг на паркинг-места, но тврдат дека се подготвува проект со кој ќе се подобри протокот на сообраќај.
Секојдневен сообраќаен метеж поради автомобили паркирани на едната страна на улицата, нервоза кај возачите при секој обид да се разминат два автомобили на улицата и небезбедно движење на основците што учат во училиштето „Блаже Конески“ во Мичурин. Жителите од населбата велат дека едната сообраќајна лента на улицата „Фрањо Клуз“ постојано е блокирана од непрописно паркирани возила. Според нив, гостите на локалите сместени во зградата покрај улицата ја користат коловозната лента како приватен паркинг.
Од Општина Аеродром велат дека изградбата на катна гаража само парцијално би го решила проблемот со недостиг на паркинг-места, но тврдат дека се подготвува проект со кој ќе се подобри протокот на сообраќај.
Секојдневен сообраќаен метеж поради автомобили паркирани на едната страна на улицата, нервоза кај возачите при секој обид да се разминат два автомобили на улицата и небезбедно движење на основците што учат во училиштето „Блаже Конески“ во Мичурин. Жителите од населбата велат дека едната сообраќајна лента на улицата „Фрањо Клуз“ постојано е блокирана од непрописно паркирани возила. Според нив, гостите на локалите сместени во зградата покрај улицата ја користат коловозната лента како приватен паркинг.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Препорачано
Ева Лонгорија ја напушти Америка поради Трамп, сега за првпат проговори за тоа: „Ми недостасуваат само две работи“
Тотенхем ќе се обиде со психолог да се спаси од најголемиот срам во својата историја
Мајмуни на Гибралтар јадат земја поради туристите, научници ја открија причината
НАЈНОВО НА SPORT.COM.MK
Милер-Мекинтаер пред премин во Олимпијакос?
Го бараше Баерн и Барселона, он го одбра Бешикташ
Баерн по шест години ќе игра за германскиот Куп трофеј!
Во објава на фејсбук-групата „Аеродромци“, жителите предупредуваат и на сериозен безбедносен ризик, особено поради близината на училиштето. Во утринските и во попладневните часови, кога децата доаѓаат и си заминуваат од настава, ситуацијата дополнително се влошува. Како што велат, проблем е и тоа што поради постојаниот сообраќаен метеж тука тешко може да се пробие возило на Брза помош или пожарна.
Граѓаните тврдат дека и покрај нивните многубројни поплаки, досега нема конкретна реакција од надлежните институции. Апелираат да има засилени контроли, казни за несовесните возачи и трајно решение што ќе го врати нормалното одвивање на сообраќајот.
Дел од нив сметаат дека најголем проблем е што нема доволно простор за паркирање, па сметаат дека треба да се изгради катна гаража, но укажуваат и на фактот дека и самите станари паркираат на улицата, затоа што поседуваат повеќе возила, а имаат купено едно или две гаражни места во подземните гаражи во зградите. Некои, пак, воопшто немаат купено гаражно место поради тоа што се продава и по 8 илјади евра.
Воопшто при изградбата на зградите не е размислено за гости, за вработени или за луѓе под кирија. Едноставно нема паркинг. Со години наназад се даваа дозволи за изградба на згради, се полнеа џебови. Решение би било некоја катна гаража, но каде да се стави? – реагира жител на Мичурин.
И други граѓани се согласуваат дека надлежните требале да предвидат и изградба на катна гаража на овој простор, затоа што тука има бројно население и голема фреквенција на возила. Покрај тоа, тука е и училиштето пред кое застануваат родители со автомобили за да ги однесат или да ги земат децата.
Тука требаше да се изведе мала улица помеѓу школото и балон салата, да се спојат двете големи улици и да се растовари движењето. Ама така не се размислува, па сега сите што живеат на овој потег, од двете страни на ОУ „Блаже Конески“, живеат со овој проблем, гужва во сообраќај, непрописно паркирање. Да се изгради катна гаража е решение, за привремено паркирање, додека сè уште има место. Општината нека изнајде решение – коментира Соња С., која предлага и локација на која би можела да се изгради катна гаража во Мичурин – на платото до маркетот „Стокомак“ на улица „Симеон Кавракиров“.
На прашањето дали се планира некаков проект поврзан со паркирањето во овој дел од Аеродром или можеби изградба на некое паркиралиште или катна гаража, од Општина Аеродром велат дека изградбата на катна гаража само парцијално би го решила проблемот со недостиг на паркинг-места, но дека се подготвува проект со кој ќе се подобри протокот на сообраќај.
Општина Аеродром изработува сообраќаен проект за подрачјата на Стар Аеродром и Мичурин, со цел подобрување на сообраќајниот режим. Предвидено е воведување еднонасочни улици, како и дефинирање една сообраќајна лента за паркирање, со што се очекува поголема проточност и зголемена безбедност во сообраќајот. Во однос на предлозите за изградба на катни гаражи, ваквото решение би имало ограничен ефект, односно би го решил парцијално прашањето со паркирањето, без да се понуди сеопфатно и долгорочно решение – велат од Аеродром.
Како што тврдат од Општината, во меѓувреме до Министерството за внатрешни работи се доставени повеќе телефонски пријави за непрописно паркирани возила, по кои институцијата постапува согласно своите надлежности.
Апелираме до граѓаните доколку забележат вакви прекршоци, да ги пријавуваат директно во полиција. Воедно, нагласуваме дека регулирањето на сообраќајот е во надлежност на други институции, додека Општина Аеродром активно придонесува преку изработка на стратегиски и плански решенија за подобрување на состојбите на терен – објаснуваат од локалната самоуправа.
Улицата „Фрањо Клуз“ е во градска надлежност и неодамна беше реконструирана.
Во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација. Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите – соопшти тогаш градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Сега граѓаните веќе не ги кршат автомобилите од оштетувањата на асфалтот и на дупките, но сообраќајниот метеж и понатаму остана.
[https://www.slobodenpecat.mk/dve-vozila-ne-mozhat-da-se-razminat-od-parkirani-avtomobili-na-ulicata-franjo-kluz-na-michurin-mu-treba-katna-garazha/]