Куманово
Новиот станбен објект VICTORY лоциран на булевар “3-та МУБ” на само неколку минути пешачење од центарот на градот. VICTORY објектот е сместен во опкружување со развиена социјална инфраструктура и со капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек.
Објектот вклучува 3 деловни простори, а домувањето е распоредено на 64 станбени единици, со различна типологија и квадратури од 49m² до 102m². Уличниот паркинг во атрактивна зона може да биде вистински кошмар и токму затоа нашиот објект е обезбеден со сигурен паркинг на три нивоа.




Новиот станбен комплекс CENTAR RESIDENCE во мирниот дел на градот, во близина на централното градско подрачје на Крива Паланка. Едно симболично продолжение на веќе изградените квалитетни и модерни градби кои се совршена комбинација на стил и функционалност.
Инспирација за совршен, смислен и организиран живот, со помалку неред и поголем спокој. Комплексот CENTAR RESIDENCE со својата уникатна архитектура, врвни удобности и близината до основното училиште нуди совршено место за живеење на секое семејство.
Овој станбен комплекс опфаќа 6 деловни простори и 120 станбени единици со двособна и трособна структура. Функционално распоредени простории за рамнотежа и комфор во Вашето секојдневие.






[https://prestigehome.mk/objekti/]