stef4o
Сторија на ТВ 24: Граѓаните регираат дека мал плоштад во Дебар маало ќе направи голем проблем за пристапност до домовите

[https://www.youtube.com/watch?v=kPxRUdxcx4s]
Станарите на улица Коста Веселинов во Дебар маало стравуваат дека ќе се соочат со голем пробелм поради реконструкција и изградба на мал плоштад што треба да го реализира општина Центар.
Пред околу две недели општинските власти дошле со булдожери, но биле спречени за активности бидејќи веќе имало паркирани автомобили на станарите пред зградите. Во меѓувреме, станарите не добиле официјално известување дека ќе има некакви активности.
Марија Соларова
„Од нашите сознанија, општина Центар предвидува на овој дел, еден вид плоштад, пјаца. Поентата не знам која е, тоа ќе биде многу голем проблем за сите станари на оваа улица. Ние тука се паркираме, нема да има место каде се паркираат автомобили и онака улицата е без паркинг места, а така би се скратиле уште повеќе. Другиот проблем што би се направил-ќе ми го затворат сопствениот влез во дворот. Што значи, јас за да влезам во дворот, ќе треба да ги кружам сите четири улици-Илинденска, Ленинова, Орце Николов.. Освен со паркирањето за станарите, не би можело да дојде ни Брза помош, пожарна или средување на дворот...
Според станарите, дополнителната урбанизација ќе придонесе за зголемување на бучавата на локалната улица што дополнително ќе влијае на квалитетот на животот. Според дел од станарите оваа скица е направена набрзина и е непромислена.
Марија Соларова
„Ова што го предвидуваат не е неопходно, бидејќи тука на неколку чекори од нас има парк, кој со години е неуреден и никаков, се наоѓа карши Владата. Има и повеќе места што може да се средат. Има паркови други кои може да се уредат. Ова тука е непотребно. Ова е само фрлени пари. За што би користело? Само за наше лошо. Јас мислам дека градоначалникот наш треба да биде заинтересиран за проблемите на граѓаните.“
Во моментов жителите од улицата пишуваат петиција што ќе ја достават до општината. Од општина Центар за Телевизија 24 потврдуваат дека се запознаени со проблемот и во понеделник ќе имаат средба со засегнатите.
Општина Центар
„Во понеделник ќе имаме средба со станарите, со цел договор за понатамошен тек. Реализацијата на предвидените пјаци се веќе поминати на Совет. За останатите предвидени две пјаци, тие станари немаат проблем.“
Според податоците од проектната документација, малиот плоштад или познат како пјаца чини 33 000 евра. А, според веќе спроведента јавна набавка општината планира неколку вакви пјаци за што се одвојуваат околу 230 000 евра.
[https://24.mk/details/storija-na-tv-24-gra-anite-regiraat-deka-mal-ploshtad-vo-debar-maalo-kje-napravi-golem-problem-za-pristapnost-do-domovite]