Јун 10 2019
Паркот Ибни Пајко се наоѓа во центарот на Скопје на левата страна од реката Вардар на влезот на Старата Чаршија. Во срцето на некогашното Пајко Маало, во близина на некогашната Ибни Пајкова Џамија, овој простор меѓу Даут Пашиниот Амам и зградите на НОБ, Филхармонија и МБУЦ долго време беше запуштен и користен како неуреден паркинг.
По неговото уредување како зелен простор, тој зафаќа повеќе од 11.000 m2 исполнети со урбана опрема, летна сцена, пешачки патеки, сервисна улица, улична уметност, старо и ново зеленило…
Oвој простор е уреден и зазеленет преку годишните програмски средства на Градот и градските јавни претпријатија (зазеленување, садници, поплочување, урбана опрема) и на него се потрошени нула денари преку посебни јавни набавки. За осветлување на просторот поставени се канделабрите од Плоштадот Македонија пред последното реновирање во 2015.








[https://uip.gov.mk/park-ibni-pajko/]