Процесот на изградба и поврзани вести








[https://www.skyscrapercity.com/threads/Скопје-Проекти-и-изградба-skopje-projects-construction.1213929](https://)
12 Јануари, 2013
Зградата на АЕК поскапе

Новата зграда на Агенцијата за електронски комуникации, проект на „Скопје 2014“ поскапе за 360.000 евра,објави ТВ АЛФА. -Таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“, одговориле од Бирото за јавни набавки. - За оваа цена што ја споменавте имаме клуч на рака договор со изведувачот, така да не очекуваме дополнителни средства за зградата воопшто“- изјави меѓу другото директорот на АЕК, Роберт Ордановски на 30.03.2011, пренесува „Алфа“.
[https://faktor.mk/zgradata-na-aek-poskape/se-vrzuva-kraj-so-kraj-do-koga-kje-ne-jade-siromashtijata-]
30 Јули, 2013
Новата, барокна, зграда на АЕК достигна фантастични 10 милиони евра
Дополнителни еден милион евра ќе се издвојат за изградбата на административната зграда на Агенцијата за електронски комуникации, како дел од проектот „Cкопје 2014“, пишува Утрински весник. Досега, за овој објект се издвоени 10 милиони евра, ако се има предвид основниот договор за изградба, кој беше вреден околу 8,5 милиони евра, а за внатрешното уредување Агенцијата склучи договор во вредност од 1,2 милиони евра. И дополнителните работи за кои АЕК го склучи неодамна анексот, ќе ги изведува ГП „Гранит“. „Договорот е склучен со преговарање без претходно објавување оглас бидејќи таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“ - стои во образложението на потпишаниот анекс, кој е објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, наведува Утрински.
[https://faktor.mk/novata-barokna-zgrada-na-aek-dostigna-fantastichni-10-milioni-evra/policijata-ima-vazno-izvestuvanje-za-gragjanite-objavija-na-koja-lokacija-vo-petok-kje-unishtuvaat-granati-]
/////////////////////////////////////////////////
27 Јануари, 2014
АЕК се сели во новата барок-зграда

Агенцијата за електронски комуникации се сели на нова адреса - од зградата на Стопанската комора на Македонија во новоизградениот објект во барок стил на кејот на Вардар. Објектот во кој ќе биде сместена оваа институција се наоѓа меѓу Археолошкиот музеј и зградата која се уште се гради и во која треба да се смести Финансовата полиција. Преселбата на АЕК беше објавена денеска на седницата на Комисијата за транспорт и врски, каде што претставничката на оваа агенција го презентираше годишниот извештај за работа на институцијата. Администрацијата е во фаза на преселба, а дел од опремата веќе се наоѓа во канцелариите во новиот објект, рече таа и додаде дека преселбата ќе се одвива етапно затоа што се уште привршува внатрешното уредување на објектот. Изградбата на новата зграда на АЕК чинеше повеќе од 10 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на Агенцијата. Фасадата е во истиот барок стил, како и на останатите објекти околу неа.
[https://faktor.mk/aek-se-seli-vo-novata-barok-zgrada/vo-vreme-na-neizvesnost-shto-so-lukoil-sobranieto-skluchi-dogovor-od-23-milioni-denari-]
///////////////////////////////////////////
Зградата на АЕК, сместена на левата страна на Вардар, е дел од првичната анимација за „Скопје 2014“. Според основниот договор, таа требаше да чини 8,5 милиони евра, но во текот на изградбата сумата се зголеми за дополнителни три милиони.

Објектот кој е во издолжена форма со фасада во комбинација со стакло и склуптури на покривот и на влезот, се протега на површина од над 3 илјади квадратни метри.
Финансиите ги обезбеди АЕК од сопствениот буџет, а клучниот аргумент со кој се оправдуваше градењето е ослободување од давачките што Агенцијата ги плаќа за наем.
„Со изградбата на зградата автоматски ќе се ослободиме од давачките за изнајмување простор што ги имаме сега“, посочи тогашниот директор Роберт Орданоски кој заедно со премиерот Груевски, симболично го поставија камен-темелникот во 2011 година.
Најголем дел од потрошените средства се исплатени на градежната фирма „Гранит“. Тендерот „Гранит“ го добива во конкуренција со осум понудувачи, иако нивната понуда не била најевтина.
Допонителниот договор за внатрешното уредување, над милион евра, исто така му е доделен на „Гранит“ и тоа со преговарање без претходно објавување оглас, „бидејќи таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор, без поголеми проблеми за договорниот орган“, образложи инвеститорот.
[https://skopje2014.prizma.mk/mk/agencija-za-elektronski-komunikacii]




