ОТВОРЕН НАЈСОВРЕМЕНИОТ ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО РЕГИОНОТ „ПУСЗ Оаза by Adora“ поставува нови стандарди






[https://www.youtube.com/watch?v=tvfaCshJ6Sk]
Лоциран во Општина Илинден, „ПУСЗ Оаза by Adora“ претставува најсовремен и најголем дом за стари лица во регионот, со капацитет за 150 корисници, додека во првата фаза започнува со работа со 64 корисници.
Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно секојдневие.
Во состав на „ПУСЗ Оаза“ функционира сопствена амбуланта „Оаза Медика“, амбулантно возило, најсовремено опремена сала за физикална терапија, фризерско студио, како и „Оаза“ кафе-бар – простор за дружење на корисниците, посетителите и нивните семејства.
Дел од комплексот е и „Парк Оаза“, уреден зелен простор за прошетки, рекреација и социјални активности. Со овој интегриран и современ пристап, „ПУСЗ Оаза“ поставува нови стандарди во регионот и претставува пример за европски модел на грижа, кој обезбедува безбедна, топла и достоинствена средина за живот на повозрасните лица.
Комплексот е проектиран како самостоен и енергетски ефикасен објект, со современи системи и соларни панели, развиен според европски концепти и искуства стекнати преку посети на установи во Италија и Швајцарија.
Во рамки на комплексот, кој се простира на околу 8.000 квадратни метри, повеќе од 3.000 квадратни метри се зелени површини, создавајќи мирна и пријатна средина за живот, движење и социјализација.
„ПУСЗ Оаза“ е проект на Адора Бизнис Групација, компанија која 24 години успешно делува во државата и регионот, а со овој проект ја заокружува својата работа со силна социјална и хумана димензија.
Со инвестиција од околу 8 милиони евра, „ПУСЗ Оаза“ не се гледа како класичен бизнис-проект, туку како искрен придонес и враќање кон заедницата – современ дом создаден со цел да обезбеди достоинствена грижа, сигурност и подобар квалитет на живот за повозрасните лица.
Престојот во „Оаза“ носи сигурност и спокој за семејствата, со уверување дека нивните најблиски ќе ја добијат најдобрата можна грижа, внимание и целосна поддршка во секојдневниот живот.
[https://plusinfo.mk/otvoren-na-sovremeniot-dom-za-stari-lica-vo-regionot-pusz-oaza-by-adora-postavuva-novi-standardi/]