stef4o Проектот се реализира на потегот позад Ист Гејт Мол каде се предвидени вкупно 10 станбени објекти од кои 4 се завршени и вселиви 2 се во завршна фаза преостануваат уште 4 во делот кон Пожарна Скопје
stef4o Денешни фотки Се спремаат за вселување новите 2 згради од блок C,се монтираат инвертери,се средува партер и паркинзи Во веќе изградените блокови А и Б ми се допаѓа што има доста зеленило,просторот редовно се одржува а во приземјето од зградите веќе се отворени неколку кафулиња и Рамстор маркет па така жителите на комплексов нема да мораат за секоја ситница да бидат зависни од молот. Исто така целиот потег е доста тивок со оглед дека од ниту една страна комплексов не излегува на главен булевар што е предност а сепак има сосем добар и регулиран пристап преку сервисни улици. Според планот во следниот период на празниот простор кон пожарна треба да никнат уште 2 блока односно уште вкупно 4 станбени згради со нешто пониска катност. Уреденоста на просторот меѓу блок А и Б