Премиерот Мицкоски, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска и заменик-министерката Лашкоска го означија завршувањето на капиталниот проект за Мала Рада
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес извршија увид во целосно финализираните градежни активности на проектот за реконструкција на коритото на реката Мала Рада. Со реализацијата на овој обемен зафат, спроведен преку Владината програма за финансирање на капитални проекти, жителите на општината добија трајно инфраструктурно решение, зголемена заштита од поплави, како и нов уреден простор за рекреација.
Проектот опфати темелна рехабилитација на дното и бетонските профили на коритото, довршување на венецот на потпорните ѕидови, како и уредување на потегот во должина од 2.5 километри пред вливањето во реката Вардар. Дополнително, долж левата страна на реката е изградена нова пешачка патека, збогатена со нова урбана опрема, клупи и модерно осветлување.




[https://www.facebook.com/photo/?fbid=1340512808256335&set=pcb.1340513364922946]