Дали мислите дека би било добро сите линкови до текстови портали и слично да се објавуваат како линк до https://archive.is или нешто слично?
На овој сајт може да се прати линк, при што сајтот ја зачувува содржината од истиот и истата останува достапна пример и доколку порталот го избрише текстот или прекине да постои. Кај нас генерслно порталите не се замараат линковите да им се функционални и после неколку гпдини.
Пример ако имаме линк до текст од портaл example.com/nekoj-tekst и овој линк го архивираме преку некој ваков сајт, ќе добоеме линк пр. archive.is/nesto кој ќе ја има истата содржина како example.com/nekoj-tekst и ќе функционира и доколку example.com прекине да постои.
Може има некој плагин за форумот кој автоматски би го правел тоа за секој објавен надворешен линк?