Вести поврзани со оваа градба и локација
08/07/2015
Сепак ќе се гради катна гаража кај поранешна „Нова Македонија“


Нема да биде проект на Општината Центар, туку на Министерството за транспорт и врски кое распиша оглас за продажба на парцелата со површина од 1.465 метри квадратни, на која е предвидено да се издигне катната гаража.
Почетна цена за квадрат земјиште е 30 евра, а плацот е со површина од околу 1.500 квадратни метри.
Заинтересираните инвеститори треба да ги достават своите пријави за учество на електронското јавно наддавање најдоцна до 5 август, додека најавената лицитација ќе се одржи на 11 август.
о Деталниот урбанистички план на оваа локација е вметната маркичка за изведба на објект со седум надземни и едно подземно ниво со површина од 8.438 метри квадратни. Максималната дозволена висина до венец изнесува 29 метри.
Дозволена е изградба на објект со максимална висина од 29 метри, во кој освен паркирање, ќе има и деловен простор.
„Најповолниот понудувач е должен фасадното обликување на објектот да го изработи во еден од стиловите на барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам. Пред издавање на одобрение за градење, потребно е комисија формирана од страна на министерот за транспорт и врски да ја одобри фазата архитектура од основниот проект“, се вели во посебните дополнителни услови од огласот кој е отворен до 5 август.
[https://www.porta3.mk/sepak-kje-se-gradi-katna-garazha-kaj-poraneshna-nova-makedonija/]
/////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////
10 јули 2024
ОПШТИНА ЦЕНТАР ТРЕБА ДА ПЛАТИ 2 МИЛИОНА ЕВРА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ПО ИЗГУБЕНИОТ СУДСКИ СПОР ЗА РАСКИНУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА КАТНА ГАРАЖА КАЈ „НОВА МАКЕДОНИЈА“
Општина Центар треба да плати 2 милиона евра обесштетување на фирмата од која го изгуби судскиот спор за катната гаража кај поранешна „Нова Македонија“ во Скопје. Договорот за изградба на оваа катна гаража беше раскинат во 2014, во мандат на ексградоначалникот Андреј Жерновски. Тогаш, Жерновски кажа дека не е потребно изградба на катна гаража туку парите ќе се пренаменат за изградба на основното училиште „Киро Глигоров“.
По ова, инвеститорот „Пелагонија АД Гостивар“ ја тужеше Општината и по повеќе од 10 години судски спор, стигнато е до Општината извршно решение за наплата на парите. Основниот долг е 72.800.000 денари (1,1 милион евра), но со камати сумата која треба да се исплати е дуплирана.
Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, од сметката на Општината веќе се повлечени пари односно таа е испразнета.
Поради тоа, вчера на седница на Советот на Општина Центар на дневен ред беше точка за ребаланс на буџетот и беше одлучено тој да се зголеми за 72.800.000 денари (1, 17 милиони евра).
„Револтиран сум што после маратонските судски процеси, сето ова заврши на штета на центарци. Тековните проекти што ги спроведува Општината не смеат да бидат запрени ниту смее да има застој во работата и услугите што ги даваме на граѓаните. Нема да дозволам сметката на Општината да биде блокирана. Мораме до крај да ги спроведеме започнатите проекти како градинката во Пролет, модернизацијата на уличното осветлување, доградбата на училиштето ‘Коле Неделковски’, реконструкцијата на улиците“, кажа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
[https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-treba-da-plati-2-miliona-evra-obesshtetuvane-po-izgubeniot-sudski-spor-za-raskinuvane-dogovor-za-katna-garazha-kaj-nova-makedonija/]