- August 2016
Лимак ќе гради модерен комплекс кај старата железничка
Подземна сообраќајница, дваесетканици, хотел, трговски центар – срцето на Скопје ќе добие комплетно нов лик. Туркста компанија Лимак објави дека наскоро почнува со изгрдбата на комплексот кај Старата железничка станица вклучително и тунелот кој треба да го олесни сообраќајот.
Проектот е готов, Лимак соопшти дека тој предвидува современ, атрактивен, мултифункционален деловно – резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот – Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.
Тунелот ќе биде двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри, ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.
Станува збор, наведуваат од компанијата, за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот.
Проектот ќе се гради на површина од околу 300.000 квадратни метри. Комплексот ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили.
Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, ќе биде обновена од градските власти и ќе биде вградена во комплексот.
Холдингот Лимак е гигант во градежниот сектор, и има реализирано многу инфраструктурни прокети во повеќе земји.
[https://sitel.com.mk/limak-kje-gradi-moderen-kompleks-kaj-starata-zheleznichka]
27 Септември, 2018
Лимак Холдинг започна со изградбата на мултифункционалниот „Diamond Skopje“
Светски реномираната компанија со седиште во Турција “Лимак Холдинг”, денес и официјално најави дека започна со интензивни градежни активности на просторот околу Старата железничка станица во Скопје. Добиени се сите неопходни дозволи за градба, завршени се подготвителните активности на проектот, како и активностите во координација со Градот Скопје, општина Центар, и останатите државни институции.
На официјалната прес конференција пред присутните се обрати г. Сердар Баџаксиз, Потпретседател во“Лимак Инвестиции”кој изјави:"Јас сум сигурен дека “Diamond Skopje” ќе биде новиот центар на градот од сите аспекти, било да се работи за бизнис, за социјализација или за културни настани. Целиот комплекс се надеваме дека ќе донесе нови бизниси, инвеститори и потрошувачи од целиот свет, со што дополнително ќе ги отвориме портите на Македонија кон светот. "
Од Лимак информираа дека е во тек изведба на подземниот булевар, како и на Лимак хотелот кој е веќе во понапредна фаза, а дека е дефинирана и динамиката за изградба на мултифункционалниот комплекс,“Diamond Skopje”
г. Зоран Заев, Премиер на Влада на Р. Македонија, изјави дека:“Diamond Skopje” од повеќе аспекти ќе го промени нашиот град на подобро. Станува збор за современ мултифункционален комплекс кој ќе обединува деловно – резиденцијални единици, хотелски комплекс и трговски центар во согласност со модерните потреби и навики на граѓаните на Скопје. Го поддржуваме поврзувањето меѓу странските и домашните компании. За економски бенефит, за развој и за подобри услови во остварувањето на бизнисот и на едните и на другите. Потврда на нашите нови, активни и ефикасни политики и политиките на доверба што се наша водилка во соработката, е и стартот на работите на овој мега проект на една реномирана странска компанија каква што е “Лимак Холдинг.“
На конференцијата се информираше дека изградбата на подземната улица се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Двонасочен коловоз во 4 ленти и 2 ленти за трамвај/автобус, со должина од 800 метри, кој ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.
Паралелно како што ќе оди напредокот на подземната улица, ќе започне и изградбата на “Diamond Skopje”. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот - Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти.
[https://faktor.mk/limak-holding-zapochna-so-izgradbata-na-multifunkcionalniot-diamond-skopje]