Објектот на десет ката е со вкупна изградена површина од 12.600 m². Во двата влеза има по два брзи, бесшумни лифтови, 136 модерни функционални домови со квадратура од 30 m² до 165 m², луксузни пентхауси на највисокиот кат и сопствени паркиралишта на подземно ниво и на партер. Особено атрактивни се становите на аглите на зградата, со стаклена структурална фасада, што со зелените стаклени огради на терасите и стаклените детали на кровот му даваат посебна архитектонска орнаментика и силен идентитетски печат на ова здание.
Средишниот дел на ентериерот е збогатен со два атриуми, внатрешни дворови со стаклен покрив и отворен поглед кон небото, низ кои зрачи природна светлина и циркулира свеж воздух. Двата атриуми низ целата висина, се оплеменети со 5,5 тони различни видови растенија од природно потекло.
Во влезот на објектот има домарска служба со приемна рецепција, која е 24 часа на услуга на станарите и посетителите.
Дијамантската градина на Адора започна со изградба во септември 2016 година. Вратите за првите жители, комплексот ги отвори на 28 август 2018 година.
Својот 16 роденден Адора инженеринг го одбележа со уште еден голем успех, отворајќи ја првата Дијамантска градина за зелено домување во Скопје и Македонија. Истовремено, овој ексклузивен станбено-деловен објект ја доби престижната интернационална награда од Светската маркетинг организација за воведување на Boutique концептот на домување во Југоисточна Европа, со што во регионот го донесе најновиот стил во архитектура и недвижностите на глобално ниво. Со структура инспирирана од зелено-синиот колорит на благородниот смарагд и дијамант, во духот на растечкиот тренд на зелените домови и зелените градови, создадена е урбана оаза за интимно, зелено домување во објектот Адора Diamond Garden, што зрачи со посебна архитектура и дизајн, уникатно на овие простори.


[https://adora.com.mk/proekti/adora-diamond-garden/]