Стамбено-деловниот комплекс „Космос“ е лоциран на само три километри од Камениот мост, покрај самата река Вардар.
На само три минути пеш, се наоѓа Универзитетот ФОН и претставништво на Мерцедес Бенз. На југ, преку реката Вардар е хотелот Double Tree by Hilton и хотелот Русија и погледот на најубавиот дел од Општината Аеродром во чија позадина пејзажно доминира Водно. Комплексот е изграден на адресата „Перо Наков“ бр. 94, а до него преку реката Вардар , градот Скопје планира изградба на нов мост во непосредна близина и во најскора иднина.
Стамбено-деловниот комплекс „Космос“ е лоциран на само три километри од Камениот мост, покрај самата река Вардар.
На само три минути пеш, се наоѓа Универзитетот ФОН и претставништво на Мерцедес Бенз. На југ, преку реката Вардар е хотелот Double Tree by Hilton и хотелот Русија и погледот на најубавиот дел од Општината Аеродром во чија позадина пејзажно доминира Водно. Комплексот е изграден на адресата „Перо Наков“ бр. 94, а до него преку реката Вардар , градот Скопје планира изградба на нов мост во непосредна близина и во најскора иднина.
ОПКРУЖУВАЊЕ
Во непосредна близина на комплексот „Космос“, е најурбаната општина во нашата држава, Општина Аеродром,комплексите на хотелите „Русија “ и „DoubleTree by Hilton“. Спроти комплексот преку Вардар е Спортскиот
центар „Јане Сандански“, а на неколку минути е студентскиот кампус на првиот и најуспешен приватен универзитет ФОН, што претставува извонредна можност за секој иден студент. На северната страна, кон населбата Автокоманда, се мегасторовите на „Neptun“, „Mr. Brikolage“ и „Тинекс“,а зад нив во далечината се простира извонреден поглед на планинскиот масив на Скопска Црна Гора. На само две минути со автомобил има неколку бензински пумпи , и за десетина минути веќе возите низ строгиот центар на град Скопје.
Комплексот „Космос“ е лоциран на само 20 минути возеење од Скопскиот Аеродром, на десет минути до зградата на Собранието на Република Северна Македонија и до него се пристига од повеќе сообраќајни правци. Преку мостот „Близнак“ и булеварот „Киро Глигоров “ низ кракот од улицата „Перо Наков“, се простираат јужнит и источниот дел од градот Скопје, преку сообраќајниот јазол на крстопатот помеѓу булеварите „Александар Велики “ и „Киро Глигоров“ , северниот и западниот, како и брзиот излез кон автопатот А4 „Гоце Делчев“. Преку новиот мост на реката Вардар кој е во фаза на подготовка на техничка документација за изградба, преку булеварот „Асном“, строгиот центар на градот Скопје ќе е достапен за помалку од пет минути, а Меѓународната железничка станица „Скопје“ е на само пет минути возење. Сообраќајниците се димензионирани со стандардни ширини, радиуси и нагибиза соодветниот тип на категоризација и по нив може да пристапат моторни возила, како и возила на интервентните единици без потреба да совладуваат никакви препреки и комуникациски бариери.
Во целина, комплексот „Космос“ претставува современа и модерна архитектонска и дизајнерска композиција, интегрирана во најпосакуваниот лендскејп на градот Скопје. Комплексот директно влијае и на забрзување на урбанизацијата на непосредната околина. Архитектонската композиција опфаќа: Три нивоа на гаражен простор, Деловен простор на приземјето и мезанинот, Четиринаесет катови стамбен простор со 505 станови, со различни типови на стамбени единици во зависност од нивната големина, позиција и просторна ориентација, сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување. Секој стан поседува можност за дополнително внатрешно преуредување, адаптација и трансформација во согласност со потребите и желбите на корисниците. Партерот, односно приземна платформа за влез во објектот, хортикуларно обогатена со зелени површини, фонтана, базен и останати решенија за комфорно современо домување.
Комплекс „Космос“ претставува станбено деловен комплекс кој во својот состав содржи:
- Партер – приземна платформа за влез во објектот и хортикуларно обогатена со зелени и водени површини.
- Комплетната станбена зграда во својот состав има три ламели, односно, ламела 1, ламела 2 и ламела 3, при што,секоја ламела во својот вертинален пресек се состои од подрум (-3), приземје, мезанин, 14 ката, поткровје и видиковец.
Приказ на проектната содржина во стамбено-деловниот комплекс „Космос“:
- Приземје и мезанин, влезен хол, ходници, складишен простор, лифтовски простор, деловни простории и локали 2. Катови на кои се лоцирани станови во чиј остав се предвидени: простор за дневен престој (дневна соба), простор за термичка и останата обработка на храна (кујна), простор за конзумирање на храна (трпезарија), гостинско WC, простор за лична хигиена (бања), простор за одмор (спална соба, детска соба) хоризонтални комуникации (влезен хол, ходник, дегажман) отворен простор (балкон/тераса/логија).
- Скај бар и видиковец , односно ротационен ресторан со панорамски поглед на градот Скопје, обезбеден со посебен влез (наменски лифтови).
- За полесен пристап до подрумскиот дел ,до деловните простории во приземјето и до мезанинот , становите на катовите се обезбедени современи хоризонтални и вертикални комуникации во вид на скали, лифтови, постојки и рампи. Сите наведении елементи се во согласност со нормативите за нивно проектирање, имплементирање и одржување. Квалитетот и сигурноста се водечки императиви во овој поглед.
ФАСАДНА ОБРАБОТКА
Во фасаден состав на стамбено деловниот комплекс „Космос“ се среќаваат следните фасадни обработки:
- Во приземјето, алуминиумски носачи и двослојно термопан стакло
- По катовите, демит фасада составена од блоксо дебелина од 20 сантиметри и термоизолација од 10 сантиметри, абрип малтер и декоративен панел како завршна обработка на надворешната страна.
- По катовите и структурална фасада од алуминиумски носачи и двослојно термопан стакло со која се обезбедуваат оптимални вредности за квалитетно домување во сите четири годишни времиња.


[https://cactusconstruction.mk/%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BC%D0%BE%D1%81/]