- февруари 2016
Објектот - Катна гаража „СОЛУНСКИ КОНГРЕС“ представува архитектонско-инженерски објект во кој се вградени најсовремени технологии за автоматско паркирање односно гаражирање на лесни моторни возила.
Локација: улица „1740“ бр. 11 (ул.„Кеј 13 Ноември“ бб) Општина Центар Град Скопје (во непосредна близина на објектот на МЕПСО и Шалтер сала на Македонски пошти)
Број на паркинг места: 80 паркинг места, сместени во едно подземно ниво, девет надземни и едно полу ниво, паркирањето е со автоматизиран систем

[https://skopjeinfo.mk/kulturno-i-moderno-parkiranje-katni-garazhi-vo-centarot-na-gradot])
08 Септември, 2014
Се отвора катната гаража „Солунски конгрес“ кај МЕПСО
Во центарот на Скопје од денеска ќе функционира уште една катна гаража - во чест на 8 Септември ќе биде отворена катната гаража „Солунски конгрес“ во близина на МЕПСО. Објектот, што е предвидено да го отвори премиерот Никола Груевски, има паркинг места за 280 автомобили, а зафаќа над 8 илјади квадратни метри и висина од 29 метри. Проектант на гаражата е „ГМС-проект“ од Скопје, а изведувач на градежните активности е „Гранит“ од Скопје. Ова ќе биде првата целосно целосно автоматизирана гаража во Скопје. Паркирањето ќе биде автоматско со лифт, што значи при паркирање на возилата ќе биде исклучен човечкиот фактор. Лифтовите ќе бидат на влезот на објектот, во подрумските простории. Возачите ќе ги оставаат возилата до лифтовите, ќе имаат обврска само да го земат билетот. Потоа, возилата автоматски ќе бидат преземени од лифтовите и ќе се носат до слободните паркинг-места. Надлежните најавуваат дека поради ваквиот начин на паркирање, користењето на услугите во оваа гаража ќе биде поскапо од останатите, но не драстично, затоа што се троши повеќе струја за нејзина работа. Со гаражата ќе стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, кое во објектот инвестираше 5,8 милиони евра.
[https://faktor.mk/se-otvora-katnata-garazha-solunski-kongres-kaj-mepso]
09.09.2014
Со лифт ќе ги паркираат автомобилите – се отвори првата автоматизирана катна гаража

Правата автоматизирана катна гаража во Македонија беше свечено пуштена во уптреба. Станува збор за катната гаража „Солунски конгрес“ со капацитет за 280 паркин места сместени во едно подземно, 9 надземни и едно полу ниво и најсовремени технологии за автоматско паркирање.
Објектот на катната гаража „ Солунски конгрес“ е снабден со висока технологија за паркирање, со влезно -излезен терминал, терминал за предвање на возилото, наплатен термнинал, информативен систем, следење на процесот на превземањето на возилото како и идентификација за слободен лифт. Во објктот покрај паркирањето ќе има и содржини за кафе ресторан.
За изградбата на оваа катна гаража се потрошени околу 5,5 милиони евра.
-За да можат граѓаните да го користат овој интелигентен, еколошки паркинг кој се наоѓа во строгиот центар на Скопје ќе треба да плаќаат 40 денари за првиот час, 30 денари за вториот и само 20 денари за секој нареден час паркинг место во оваа катна гаража, истакна Цветко Грозданов, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.
Само на овој паркинг на граѓаните ќе им се гарантира 100 % сигурност на возолото.
[https://mkd-news.com/so-lift-ke-gi-parkiraat-avtomobilite-se-otvori-prvata-avtomatizirana-katna-garazha/]