Половина година се реконструираат 280 метри од крак на „Бел Камен“ во Кочани






Близу половина година се реконструираат 280 метри од крак од улицата „Бел Камен“ во Кочани, откако на 1 ноември минатата година започнаа градежните работи на улицата.
Според договорот вреден близу 11 милиони денари на површина од 280 метри должина и 6 метри ширина, изведувачот на работите „Стентон Градба“ до сега требаше да изработи комплетно нова улица со нова атмосферска канализација, два слоја асфалт, нови тротоарски површини, улични рабници и замена на тампонот.
Граѓани реагираат дека реконструкцијата трае премногу долго што им го отежнува секојдневното функционирање веќе половина година. Реагираат дека целосно им е отежнат пристапот до домовите, трпат штети на своите автомобили, а калта од улицата шест месеци си ја носат во дворовите и домовите. Градежници и работни машини ретко гледаат на улицата, доѓаат на две недели и потоа ги снемува и нема континуитет во реконструкцијата.
Апелираат улицата да се заврши што е можно побрзо, а доколку е пробиен рокот да се наплатат соодветни пенали бидејки истата е платена со пари од граѓаните.
[https://glasno.mk/polovina-godina-se-rekonsturiraat-280-metri-od-krak-na-bel-kamen-vo-kocani/]