👇Општина Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради, како дел од процесот на дигитализација и модернизација на општинските услуги.
✔️Со едноставно скенирање на QR-кодот, граѓаните ќе можат брзо и безбедно да:
- проверат дали имаат неплатени обврски по основ на данок на имот и комунални такси;
- ги платат своите обврски електронски;
- добијат увид во наплатата на ниво на зграда;
- пристапат до платформата eDanoci.mk, достапна 24 часа дневно.
✔️Деталните информации за даночните обврски ќе бидат достапни исклучиво за сопственикот, по безбедна идентификација и верификација, со целосна заштита на личните податоци.
Со ова современо решение, Општина Кавадарци ја унапредува транспарентноста, ја олеснува комуникацијата со граѓаните и поттикнува навремено исполнување на даночните обврски.
✔️Вашите навремено платени даноци се инвестиција во иднината и развојот на Општина Кавадарци.
