16/02/2016
Голема црква ќе се гради во Железара
Во скопската населба, Железара ќе се гради грандиозен храм на Македонската православна црква, посветен на Сретението Господово.
Камен-темелникот го осветеи на 15 февруари, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан на денот кога Црквата го чествува денот на сретението господово. Изгледот ќе биде во руски стил.
На почетокот на изградбата ан црквата присуствуваа премиерот на Емил Димитриев, министерот за финансии Зоран Ставревски, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, како и повеќемина членови на Парламентот и личности од јавниот живот во држава.
Ова ќе биде прва црква во оваа населба, а воедно и во населбата Автокоманда, каде има само една црква, „Свети Архангел Михаил“, во која претходно Поглаварот на МПЦ, отслужил литургија.



[https://religija.mk/golema-crkva-ke-se-gradi-vo-zelezara/]
- март 2017
„Сретение господово“ нов црковен храм во Железара (ФОТО)
Македонската православна црква во соработка со Фондацијата за македонско-руско пријателство гради нова црква „Сретение господово“ во населбата Железара.
Храмот ќе биде на површина од 220 квадратни метри, а ќе се простира на бруто корисна површина од 260 квадрати. Градежните работи се започнати минатата година и до сега се изградени речиси 80 отсто од карабината на објектот. Изведувач е фирмата ДГТ „Жикол“.
Камен-темелникот на новиот храм е ставен на 15 февруари 2016 година. Објектот е во руски стил, а застапени се и македонски елементи на градење православни храмови. Содржините што се планираат ќе се градат во зависност од финансиите, а целиот комплекс ќе се гради во две фази.
Првичниот проект предвидувал да има две позлатени турбиња и камбанарија со девет камбани високи 30 метри. Црквата ќе претставува единствен црковен комплекс од ваков вид во Македонија, затоа што во конаците ќе бидат сместени и други содржини, а според проектот требало да се изградат и центар за дневен престој на стари, за дневен престој на деца со игротека, потоа амбуланта, хотел, кујна, ресторан, млечен ресторан, сувенирница, резиденција на скопскиот викарен епископ, дом на руската култура, фонтана и споменик на упокоените Руси во Македонија од 1917 година. Црквниот комплекс требало да располага и со повеќе игралишта, но потоа биле направени измени во проектот, а било променето и името на храмот од „Свето преображение“ во „Сретение господово“.
Од МПЦ не можат да прецизираат кога новиот храм ќе биде комплетно готов, бидејќи изведбата на внатрешните и специфични работи на иконостасот и фреските ќе бара повеќе време, а ќе треба да се најде и изведувач. Покрај црковниот храм, проектот предвидува и изградба на помошни простории, од кои дел ќе бидат административен дел. Исто така во рамките на верскиот објект планирана е изградба на старечки дом и детска градинка. Изградбата на овие дополнителни објекти, велат од МПЦ, ќе се реализира доколку се обезбедат доволно финансиски средства.



[https://skopjeinfo.mk/sretenie-gospodovo-nov-crkoven-hram-vo-zhelezara-foto]