ФОТО+ВИДЕО | Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода

[https://www.youtube.com/watch?v=l0qUd_zjC18]
Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информираат за „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи.
Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја има затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија од МВР.
Претходно од МВР информираа дека изутринава во 08:17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
Од Ургентниот центар за МИА информираат дека двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, а еден е со скршеници на двете потколеници и една натколеница.
„Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман“, се вели во соопштението од Ургентниот центар.
[https://www.slobodenpecat.mk/fotovideo-eden-zaginat-i-trojca-povredeni-gradezhni-rabotnici-na-gradilishte-vo-kisela-voda/]
//////////////
(ВИДЕО) Ова е трагедија, не знам како можат да градат зграда до зграда – вели сосетка за несреќата на градилиштето во Кисела Вода

Во изјава за медиумите, жената сведочи дека непосредно по трагедијата, на местото на настанот имало силно полициско присуство, а била присутна и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска
Ова е трагедија – вели сосетка која живее во близина на градилиштето во скопска Кисела Вода каде што утринава беа затрупани четворица градежни работници при ископ на темели на зграда.
Во изјава за медиумите, сосетката сведочи дека непосредно по трагедијата, на местото на настанот имало силно полициско присуство, а била присутна и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.
Рекоа дека четворица биле затрупани. Тројца спасиле, а за еден беше кажано дека е изваден после долго време, сигурно по час и половина. Многу ми е тешко за ова да зборувам зашто и мојот татко така загина, само што бил сам и немало кој да му помогне. Ова е трагедија. Не знам како може да градат зграда до зграда и да копаат покрај самите темели. Да се гради ѕид до ѕид, да се поткопува темел. Зошто не се бунат сопствениците што градат до нив“,рече жената во изјава за медиумите.
Претходно денеска, од МВР потврдија дека на рано утринава на градилиште на улицата „Козјак“ во Кисела Вода еден градежен работник загинал, а тројца завршиле со повреди откако биле затрупани со земја при ископ на темели на објкет. Повредените се пренесени на Ургентниот центар при скопскиот клинички центар.
[https://360stepeni.mk/video-ova-e-tragedija-ne-znam-kako-mozhat-da-gradat-zgrada-do-zgrada-veli-sosetka-za-nesrekata-na-gradilishteto-vo-kisela-voda/]
Ивица Коневски е инвеститор на зградата во Кисела Вода каде што загина работник: „Потресени сме сите“
Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, е инвеститор на зградата во Кисела Вода каде што утринава загина еден градежен работник, а тројца без повредени откако беа затрупани со насип од земја.
Според јавно достапните информации, Коневски е сопственик на компанијата „Нар Инвестмент“ од Скопје, а Илија Коневски е директор. Компанијата е основана во ноември 2025 година како друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал и е регистрирана на улицата „Петар Попарсов“ во Центар.
Коневски во изјава за „Слободен печат“ потврди дека неговата компанија е инвеститор на зградата, а како што ни посочи, изведувач на работите е компанијата „Јакимовски“. Тој вели дека сè уште немаат информации за причините за несреќата.
– Засега информациите што ги добивме се дека починал еден работник. Сите сме потресени. Ова е голема трагедија. Немаме информации која била причината за несреќата, ќе видиме – изјави Коневски за „Слободен печат“.
Како што веќе објавивме, еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода.
Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, а еден е со скршеници на двете потколеници и една натколеница.
„Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман“, соопштија од Ургентниот центар.
[https://www.slobodenpecat.mk/ivica-konevski-e-investitor-na-zgradata-vo-kisela-voda-kade-zagina-rabotnik-potreseni-sme-site/]