Процесот на изградба на храмот






[https://www.facebook.com/adora.business.group/photos_albums]
/////////////////////////////////////////////////////////////////////////
- јуни. 2014.
ОСВЕТЕНА Е НОВАТА ЦРКВА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ
Со црковно-народен собир денес во Општина Аеродром, Скопје, осветен и отворен е новиот православен храм Свети Јован Крстител, изграден со донација на градежната компанија Адора Инженеринг и ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Осветувањето го изврши поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со митрополитите: преспанско-пелагониски г. Петар, брегалнички г. Иларион, тетовско-гостиварски г. Јосиф, кумановско-осоговски г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент и повеќе свештеници на МПЦ, во присуство на ктиторот д-р Чифлиганец, градоначалници, претставници на државните институции, бизнис личности и голем број православни верници и граѓани на Скопје и Македонија.
Цареви имало и пред Соломона и пред Константин Велики и пред Јустинијан, кралеви имало и пред Марко и Андреја, но имало и по нив, имало секогаш, но сите не граделе и не градат. И денес има многу поединции семејства, стопанственици и организации, кои имаат финансиски можности, но пак не градат сите и сите не му благодарат на Бога за тоа што го имаат. А од Бога сме сите задолжени со животот и со добри дела треба да Му благодариме за сè што ни дал и што ни дава, зашто без него ништо не би можеле да правиме и имаме-порача на осветувањтео на црквата Свети Јован Крстител, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој на ктиторот му подари орден Свети Климент Охридски од Прв ред, највисокото признание на МПЦ, , а ктиторот д-р Чифлиганец на г.г. Стефан симболично му го предаде клучот од црквата Свети Јован Крстител и позлатен орден.
Новиот храм Свети Јован Крстител, кој две години го градеа над стотина градители-неимари на атрактивна локација, во паркот со авион во Општина Аеродром е петкуполна црква висока 15,5 метри, со специфична, препознатлива, древна архитектура, изградена според каноните на МПЦ и традициите на нашето културно наследство. Црквата внатре е со богат живопис, а над главниот влез има мозаик со ликот на Свети Јован Крстител изработен во византиски дух со позлатени камчиња од Венеција и природни камчиња од Македонија. Во црковниот комплекс има камбанарија висока 18,5 метри, фонтана во облик на крст со три водоскоци, природен камен стар 25 милони години, тежок 15 тони, донесен од рудникот Бучим во Радовиш со пораките на ктиторот проф. д-р Чифлиганец, а дворот е партерно и хортикултурно уреден со места за одмор на посетителите. Од денес овој православен храм е во надлежност на Македонската Православна Црква.


[https://adora.com.mk/novosti/osvetena-crkvata-sv-jovan-krstitel/]