ТИРЗ Прилеп се наоѓа јужно од градот Прилеп во месноста Алинци, при што има директен пристап до автопатот што ги поврзува Прилеп и Битола. Вкупната површина на зоната изнесува 67.50 хектари и постои можност да се прошири за дополнителни 35,71 хектари. Во зоната активно оперираат 3 компании од кои две произведуваат за потребите на автомобилската индустрија а една компанија произведува електрични апарати.
[https://fez.gov.mk/free-zone-prilep/]