ТИРЗ Кичево е поделена на два дела на растојание од 1,2 километри. Делот 1 зафаќа површина од 13,5 хектари, а делот 2 зафаќа површина од 16,06 хектари. Вкупната површина на зоната Кичево е 29,56 хектари. ТИРЗ Кичево наоѓа јужно од градот Кичево, поточно двете делници се наоѓаат лево и десно од регионалниот пат што ги поврзува Кичево и Македонски Брод. Во зоната активно оперира една компанија и произведува надувувачи, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси за автомобили.
[https://fez.gov.mk/free-zone-kicevo/]