Паралелно со внатрешната обнова, СОЗР веќе работи на решавање на горливиот проблем со паркирањето околу МРТВ. На просторот на плацот каде неодамна службата расходуваше и продаде 104 стари возила како старо железо, ќе никне нов паркинг комплекс.
Иако во деталниот урбанистички план на Општина Центар на таа локација е зацртана класична катна гаража со пазарен маркет, Владата одлучила да преземе побрзо и поефикасно решение, објави 4news.mk
„Не знаеме кога и дали таа предвидена катна гаража со маркет би се направила од општината, па затоа ние како Влада пристапивме кон проектно решение за монтажна гаража. Станува збор за челична (железна) конструкција која се гради многу побрзо и која ќе има капацитет за 400 до 500 возила. Ова е клучно, бидејќи кога зградата на МРТВ ќе ја ставиме во целосна функција, без паркинг таму ќе настане вистински сообраќаен хаос“, дециден е Томовски.
Што се однесува до роковите, тој најави дека во текот на летово треба да заврши проектирањето и усогласувањето на законските процедури со Општина Центар и Министерството за транспорт и врски, со цел во септември или октомври да се распише тендерот за изведувач, по што брзо би започнала монтажата на терен.
[https://4news.mk/tomovski-za-zgradata-na-mrtv-na-vrabotenite-nozete-im-se-vrakaat-nanazad/]