АЕРОДРОМЦИ ЌЕ МОЖАТ ДА ВАДАТ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ВО СВОЈАТА ОПШТИНА – НОВАТА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО ЗАВРШНА ФАЗА
Со отворањето на новата зграда на Полициската станица - Аеродром, граѓаните наскоро ќе можат во својата општина да вадат лични карти, пасоши и возачки дозволи, што значително ќе ги олесни административните постапки и ќе им заштеди време. 🪪🚗
Денеска градоначалникот Дејан Митески и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски извршија увид во градежните активности на новата полициска станица во Аеродром што се гради на местото на старата.
Градежните работи се одвиваат според предвидената динамика и во моментов се во завршна фаза, а објектот се очекува да биде пуштен во употреба кон крајот на мај оваа година.
Новата полициска станица ќе биде модерен и функционален објект изграден според најнови стандарди, со посебни простории за управни и полициски служби, современи сали за состаноци, простории за работа со деца – жртви на насилство, како и простории за задржување со високи безбедносни стандарди.
Овој проект е важен чекор кон обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните.


[https://www.facebook.com/photo?fbid=931764346070748&set=pcb.931764372737412]